Идејата на Доналд Трамп за купување на Гренланд можеби е само фантазија, но САД и порано "им фрлиле око" на ресурсите на данскиот остров.
Посебно им се интересни богатите наоѓалишта на метал во ретката земја, тврди "Financial Times".
Вашингтон неодамна со Гренланд потпишале меморандум за вадење на технолошки метал, трагајќи за алтернативни извори за снабдување, бидејќи Кина наговестила дека би можела да го ограничи нивниот извоз во САД, наведува весникот.
US enticed by Greenland’s rare earth resources https://t.co/19TNUGKrmu
— FT Energy (@ftenergy) August 20, 2019
Наоѓалиштата на ретките оксиди на Земјината кора на Гренланд се проценуваат на 38,5 милиони тони. Колку за споредба, наоѓалиштата во остатокот од светот содржат 120 милиони тони.
Гренландските наоѓалишта содржат неодимиум, прасеодимиум, дисрозиум, теребиум, ураниум и нуспроизводи на цинк. Неодимиум, теребиум и дисрозиум се користат како магнети во моторите на електричните возила. Батериите на хибридните автомобили содржат и лантам, кој го употребува и американската војска во уредите за ноќно набљудување. Гадолиниум може да се најде во уредите за магнетна резонанца.
Кина доминира во глобалното производство на 17 технолошки метали кои тешко се комерцијализира, а клучни се за технолошката индустрија, електричните возила, ветротурбините и воената технологија. Кинескиот удел во глобалното производство на тие метали е 70 проценти, а во преработка е и уште поголем, наведува "Financial Times".