СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Макфакс

22/08/2019

10:09

897

Големина на фонт

а а а

Правната држава функционира, а законите важат за сите подеднакво, коментира СДСМ преку соопштение откако вчера беше приведена специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева.

„Како и досега, СДСМ ги охрабрува и ги повикува сите надлежни институции да продолжат со длабинска, независна истрага за случајот „Рекет“, да постапуваат согласно законите. Како одговорна партија, целосно ги поддржуваме напорите на истражните органи за целосно расветлување на овој, но и на сите досега отворени случаи. Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран“, велат од СДСМ во соопштението.

Владејачката партија додава дека одговорност мора да понесат сите инволвирани, безразлика на политичка или каква било друга припадност.

„Нема да успеат обидите да се попречи правдата или истрагата да се насочи во друга насока. Секој кој ги прекршил законите ќе одговара и од тоа нема отстапување“, додава СДСМ во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг