Зајакнати контроли на МВР – казнети 49 моторџии во Скопје

Макфакс

22/08/2019

10:05

622

Големина на фонт

а а а

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 21.08.2019 во периодот од 18 до 24 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје. Притоа, откриени се 49 возачи на мотоцикли кои сториле прекршоци и издадени им се исто толку прекршочни платни налози.

Откриени се и 20 останати прекршоци за кои се издадени 10 прекршочни платни налози и 10 мандатни платни налози, соопшти МВР.




Спонзорирани линкови

Маркетинг