Додека ме силуваше, пред влезот стоеја полицајци: Нови шок тврдења на жртвите на Џефри Епстајн!

Точка

22/08/2019

10:02

6.220

Големина на фонт

а а а

Милијардерот педофил, Џефри Епстајн, сексуално нападнал тинејџерка во Палм Бич, се тврди во новото обвинение против него.

Кетлин Доу тврди дека Епстајн ја ангажирал во својата Фондација за наука на Флорида во март 2009-та година, кога имала само 18 години, а службениците ја одобриле одлуката тинејџерката да работи кај осудениот сексуален престапник кој уште бил во затвор. 

Понатаму се тврди дека Кетлин била сексуално искористена повеќе пати - како од страна на самиот Епстајн, така и од страна на млада жена и милијардерот.

Сето тоа се случило додека заменикот кој работел за канцеларијата на шерифот во округот Палм Бич стоел пред деловната зграда.

Тоа се случило помалку од една година откако Епстајн прв пат ја силувал младата жена на имотот на островот Литл Сент Џејмс на Девствените острови.

Кејтлин е една од трите жени кои поднеле тужба против Епстајн, извршителот на неговиот тестамент Ричард Кан и осум компании поврзани со покојниот педофил.

Таа пред доаѓањето на работа морала секогаш да се запише во формуларот кој го воспоставила канцеларијата на шерифот. Кога би влегла кај Епстајн, кого службениците го опишале како "примерен затвореник", наводно била принудена на секс.

Таа исто така сугерира дека сексуалните изопачености на Епстајн ја мотивирале да бара одобрение за патување во Њујорк, поради работа.

Во пријавата вели дека Епстајн и ветил дека ќе и плати за неопходната операција, а се плашела дека ако го одбие тој нема да го исполни ветувањето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг