„Не ми се допаѓа ВАР, но ќе има повеќе пенали за мене“

Точка

22/08/2019

10:04

1.165

Големина на фонт

а а а

Крилниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах во интервју за „СиЕнЕн“ објасни зошто не му се допаѓа ВАР технологијата.

Од оваа сезона во Премиер лигата е воведена ВАР технологијата, а Мохамед Салах беше запрашан какво влијание ќе има оваа технологија во новатат сезона.

„Ќе има повеќе пенали за мене, ќе видите. Не ми се допаѓа, тоа е мојот одговор, секогаш. Не ми се допаѓа. Го обожувам фудбалот таков каков што е“, изјави Мохамед Салах и додаде:

„Што се однесува до мене, јас го прифаќам фудбалот со грешки на судиите, со грешки на играчите. Така фудбалот станува повозбудлив“, изјави Мохамед Салах.



Спонзорирани линкови

Маркетинг