Макрон против Русија: Да се реши украинската криза пред да ги вратиме во „Г7“

Точка

22/08/2019

11:30

1.006

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека повторниот прием на Русија во „Г7“ без решавање на прашањето за украинската криза би било грешка.

Емануел Макрон додаде дека враќањето на Русија во моќната организација би укажало на слабост на западните сили, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Според претседателот на Франција, таквиот потег би бил стратешка грешка која би ја потврдила ерата на неказнивост. Францускиот лидер го изјави тоа во пресрет на самитот на седумте најразвиени земји на светот кој овој викенд се одржува во Франција.


Макрон додаде дека украинската криза мора да се реши пред Русија да се врати на маса, иако и натаму од клучна важност е со Москва да биде разговарано за меѓународните кризи.

Деновиве американскиот претседател Доналд Трамп прв ја спомена идејата за враќање на Русија меѓу „Г7“ земјите, откако официјална Москва беше исфрлена од организацијата после анексијата на украинскиот полуостров Крим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг