Иванишевиќ и Кончита Мартинез влегуваат во Куќата на славните

Макфакс

21/08/2019

18:30

1.052

Големина на фонт

а а а

Хрватската тениска легенда, Горан Иванишевиќ, кој во кариерата беше шампион на Вимблдон и освои две олимписки бронзи ја предводи новата „класа“ во Куќата на славните на тенисот.

Покрај Иванишевиќ, во Куќата на славните ќе влезат и шпанската легенда Кончита Мартинез, двократниот шампион од Ролан Гарос, Серхи Бругера и шведскиот специјалист за игра во двојки, Јонас Бјоркман.

Иванишевиќ, кој беше познат по својата сервис-и-волеј игра, во 2001 пред Вимблдон беше на 125. место на АТП-листата и му беше потребна вајлд-карта да влезе на турнирот, по што елиминираше тројца тенисери кои биле или ќе бидат светски тенисери број 1, пред да го победи Патрик Рафтер во пет сета во финалето. Хрватот останува единствениот тенисер кој со вајлд-карта освоил еден гренд слем. 

Поранешната светска тенисерка број 1, Мартинез освои 33 титули во сингл, вклучувајќи го и трофејот од Вимблдон во 1994 година, а покрај тоа освои пет титули од Фед купот. Нејзиниот сонародник Бругера пак, освои две титули од Ролан Гарос (1993 и 1994), додека Швеѓанецот Бјоркман освои девет гренд слем титули во двојки и двапати беше носител на сите гренд слем трофеи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг