Вознемирувачко видео од Бела Црква: Овој возач се залетал во дворот на кафулето полно со гости, а потоа настанала драма

Точка

21/08/2019

18:27

1.835

Големина на фонт

а а а

Жителите на Бела Црква пред два дена се запрепастиле кога некој автомобил се залетал во дворот на кафулето.

На интернет објавена е снимка од безбедносните камери на која се гледа како гостите мирно седат во кафулето, а потоа се слуша силен звук и автомобил кој со голема брзина удира во паркирано возило, а потоа и во бетонската ограда која да не била таму најверојатно би влетал во кафулето.

Некои од гостите во кафулето веднаш почнале да бегаат, а други пак останале да стојат без да се помрднат, а кога сфатиле што се случило пришле до оградата.

За среќа никој па дури ни возачот на автомобилот не бил повреден.

Како што соопштуваат од тамошните медиуми направена е голема материјална штета која е надоместена веднаш по инцидентот. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг