Алексис го „ограби“ Манчестер Јунајтед: Чилеанецот „дебело“ го наплати престојот на „Олд Трафорд“

Дерби

21/08/2019

20:30

2.274

Големина на фонт

а а а

Се поизвесно е дека заврши авантурата на Алексис Санчез во редовите на Манчестер Јунајтед. Чилеанецот дојде во клубот какко големо засилување пред една и пол година, но воопшто не се снајде на „Олд Трафорд“ па сега ги пакува куферите и ќе се упати кон Милано каде треба да потпише договор со тимот на Интер.

Искусниот офанзивец во дресот на Манчестер Јунајтед одигра вкупно 45 натпревари на кои постигна само пет погодоци.

Санчез од клубот си заминува со полн џеб затоа што за година и половина престој на „Театарот на соништата“ ќе си замине со дури 40 милиони фунти заработени пари. Санчез вопросек зарботувал по 8.2 милиони фунти по секојпостигнат погодок.

Алексис кариерата ќе ја продолжи во Интер, а интересно е тоа што Манчестер Јунајтед ќе продолжи да му плаќа дел од платата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг