Рибери слета во Фиренца и во првата изјава откри кој го советувал да потпише за Фиорентина

Дерби

21/08/2019

19:29

2.421

Големина на фонт

а а а

Искусниот француски интернационалец утрово слета во Фиренца каде треба да ги мине неопходните медицински прегледи пред и официјално да стане нов фудбалер на Фиорентина.

Пред аеродромот, но и пред медицинските простории на клубот се собраа голем број фанови за да му посакаат топло добредојде на големата ѕвезда која ќе го засили нивниот тим.

Рибери веднаш по излегувањето од приватниот авион го облече дресот на Фиорентина и ја даде првата изјава за медиумите во Италија.

– Среќен сум, јас сум со моето семејство. Зборувавме со Фиорентина една недела, јас лично зборував и со Лука Тони и тој ми кажа дека Фиорентина е одличен клуб, а ми посочи и дека градот е прекрасен. Среќен сум затоа што ми се допаѓа новиот предизвик, ми се допаѓа дури и јазикот. Не е перфектен, но океј е, -изјави Рибери.

Денеска се очекува да поминат сите неопходни работи поврзани со трансферот, а официјалната промоција ќе биде утре со почеток од 09:00 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг