Саинз: Луѓето ја потценуваат разликата помеѓу тимовите

КРУГ.МК

21/08/2019

18:31

383

Големина на фонт

а а а

Напредокот на Саинз во првите три сезони во Торо Росо му овозможи премин кон Рено во 2017 година, но тој не успеа да го задржи тоа место со францускиот производител, по што замина откако во екипата пристигна Даниел Рикардо.

Сега кога е во трета Ф1 екипа со Мекларен, шпанецот вели дека почетниот период на адаптација за Рикардо во Ред Бул, за Леклер во Ферари, како и Гасли во Ред Бул, е доказ за поединечните карактеристики за една Ф1 екипа.

„ТИЕ СЕ РАЗЛИКУВААТ МНОГУ. МНОГУ ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ШТО ЛУЃЕТО ПРЕТПОСТАВУВААТ. БОЛИДИТЕ ВО ТИЕ ТРИ ЕКИПИ СЕ ОДНЕСУВААТ МНОГУ ПОИНАКУ ОТКОЛКУ ШТО МИСЛИТЕ.

ПОРАДИ ТОА МИСЛАМ ДЕКА ПРИМЕТУВАТЕ КОГА НА СЕКОЈ ВОЗАЧ МУ СЕ ПОТРЕБНИ НЕКОЛКУ ТРКИ ДА СЕ АДАПТИРА ВО ТИМОТ, НА БОЛИДОТ. ГО ВИДОВМЕ ТОА СО РИКАРДО ГОДИНАВА, СО ПЈЕР, СО СЕКОЈ ВОЗАЧ КОЈ ПРОМЕНИЛ ЕКИПА … ЛЕКЛЕР НА ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА.

ПОТРЕБНО Е ВРЕМЕ ДА ГИ ОТКРИЕТЕ ТАЈНИТЕ. СЕКОЈ ТИМ РАБОТИ РАЗЛИЧНО И ПОТРЕБНО Е ВРЕМЕ. ЛУЃЕТО ПОТЦЕНУВААТ КОЛКУ ПЕРФОРМАНСИ МОЖЕ ДА ИЗВЛЕЧЕТЕ ОД ПАКЕТОТ АКО СТЕ ВО ТИМОТ ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА.

ПЕРФОРМАНСИТЕ КОИ ГИ ИЗВЛЕКОВ ВО ТОРО РОСО, ЗА МЕНЕ ТИЕ НЕ БЕА ЛИДЕР ВО СРЕДИНАТА, А ПОНЕКОГАШ КОГА БЕВ ДОБАР КАКО ВО 2016 И 2017 ГОДИНА, ПОСТИГНАВ РЕЗУЛТАТИ БИДЕЈЌИ ГО ПОЗНАВАВ МОЈОТ ПАКЕТ И ЗНАЕВ КАКО ДА ГО ИСКОРИСТАМ.

ГО ГЛЕДАТЕ ПЕРЕЗ, ВЕРСТАПЕН СЕГА ВО РЕД БУЛ, ХАМИЛТОН ВО МЕРЦЕДЕС. ТОА Е ПОСЛЕДИЦА НА МНОГУ ВРЕМЕ СО ЕКИПАТА И ПОЗНАВАЊЕТО КАКО ДА ГО ИЗВЛЕЧЕТЕ МАКСИМУМОТ ОД БОЛИДОТ“.

58те поени на Саинз се значително повеќе за возач од средината во 2019 година, а тој моментално има серија од 5 топ шест пласмани во последните седум трки. Сепак, во однос на чиста форма тој имаше предизвик со својот тимски колега Норис, а шпанецот вели дека не е сеуште целосно прилагоден на болидот.

„ПОЧНУВАМ ДА СЕ ЗАПОЗНАВАМ СО БОЛИДОТ. НО СЕУШТЕ СМЕТАМ ДЕКА ИМА ПРОСТОР ЗА ПОДОБРУВАЊЕ И ДЕКА БОЛИДОТ ИМА ПОВЕЌЕ ПРОСТОР ЗА ПОДОБРУВАЊЕ И ИМАМ МОЖНОСТ ДА ГО ПОДЕСАМ БОЛИДОТ СПОРЕД МОЈОТ СТИЛ.

СЕУШТЕ СЕ ОБИДУВАМЕ СО НОВИ РАБОТИ ВО ПЕТОЧНИТЕ СЕСИИ, САМО ЗА ДА ДОЗНАЕМЕ ВО КОЈА НАСОКА ЌЕ СЕ ДВИЖИМЕ. НО ТОА Е БАВЕН ПРОЦЕС.

МИСЛАМ НА ГОДИНИ, РАЗБИРАТЕ? КОЛКУ ПОВЕЌЕ ГОДИНИ СТЕ ВО ТИМОТ, СЕКОГАШ УЧИТЕ ПОВЕЌЕ ЗА БОЛИДОТ И ЗА ЕКИПАТА, ЗА ЛУЃЕТО, КАКО ДА ИЗВЛЕЧЕТЕ МАКСИМУМ ОД СЕКОЈА ИНДИВИДУА. ТОА ПРЕТПОСТАВУВАМ Е КАКО СЕКОЕ РАБОТНО МЕСТО ВО СВЕТОТ“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг