Една од најпопуларните видео игри на светот добива импресивна графичка надградба, но...

Точка

21/08/2019

17:33

1.315

Големина на фонт

а а а

Microsoft и официјално го потврди пристигнувањето на RTX Ray Tracing на Nvidia кај популарната видео игра Minecraft што ќе биде една од најимпресивните графички надградби досега.

RTX Ray Tracing технологијата на Nvidia пристигнува кај Minecraft, една од најпопуларните видео игри на светот. Технологијата ќе овозможи далеку подобра графика, односно пореалистично осветлување и сенки.

Сепак, оваа информација е добра само за PC гејмерите, со оглед на тоа што оваа технологија е достапна исклучиво кај Nvidia GeForce RTX графичките картички кои што работат на компјутерите.

Графичката надградба на Minecraft до некаде ѝ противречи на главната причина зошто играта во суштина стана популарна. Играта е достапна на многу платформи, од PC, преку Xbox, се до iOS и Android. Со тоа, ниту една од останатите платформи нема да има никаква корист од надградбата која е овозможена од графичките картички чија што цена се движи од 20 илјади денари, па нагоре.

Што се однесува до постарите графички картички на Nvidia, тие исто така ќе поддржуваат Ray Tracing, само во редуциран формат, пред се поради тоа што немаат доволно добар хардвер. „Најслабата“ графичка картичка која што ќе ја поддржува технологијата ќе биде GTX 1060 со 6 GB RAM меморија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг