Кинезите ќе ги збришат Американците за неколку часа? Кина има застрашувачки арсенал од прецизни ракети кои може да ги уништат сите американски бази во западен Пацифик

Точка

21/08/2019

18:12

4.363

Големина на фонт

а а а

Американската војска повеќе не е доминантна сила во Азија и кинеските ракети би можеле да ги уништат сите нејзини бази во тој дел на светот во рок од неколку часа.

Тоа се тврди во анализата на Истражувачкиот центар за САД при универзитетот во Сиднеј. 

"Американската воена стратегија во индопацифичкиот регион е во опасност од криза без преседан и најголемата светска сила би имала големи проблеми да се одбрани себе и своите сојузници од Кина. САД повеќе немаат воен примат во регионот, што е последица на постојаните војни на Блискиот исток, недостигот на пари во буџетот, малите вложувања во напредните воени способности. Системот на кинеската контраинтервенција ја поткопал американската способност за одбрана, па постои ризик Кина да може со мала сила да постигне целосна победа и пред Америка да може да одговори", се наведува во извештајот наречен: "Избегнување на криза: Американска стратегија, воена потрошувачка и колективна одбрана во Индо-Пацификот".

Кинеската војска постигнала голем напредок во споредба со САД и нивните азиски сојузници.

"Кина има застрашувачки арсенал на прецизни ракети кои можат да направат многу штета. Речиси сите американски бази во западен Пацифик, како и базите на сите сојузници, би можеле да бидат уништени во првите неколку часа од судирот", тврдат истражувачите.

Во кинеското министерство за надворешни работи вчера рекле дека не го виделе тој извештај.

"И покрај сите тврдења, Кина е цврсто на патот на мирен развој и нашата национална стратегија во својата природа е одбранбена", рекол портпаролот Генг Шуанг за CNN.

Комисијата предупредила

Комисијата за национална одбранбена стратегија уште во ноември 2018-та година во Конгресот изнела тврдења дека американската војска би имала неверојатен број на жртви и би можела да ја изгуби војната против Русија или Кина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг