Се претставувал како брат на Ежени Бушар и уживал на нејзина сметка, а потоа дошол неговиот крај - И тоа каков крај!

Точка

21/08/2019

16:40

2.796

Големина на фонт

а а а

Ежени Бушар многумина моментално ја сметаат за една од најубавите тенисерки на светот, а токму таа се нашла во една многу необична ситуација.

Според пишувањата на „WSVN Miami“, 24-годишниот Соломон Шломо Азари уапсен е во луксузниот хотел-апартман во комплексот каде што живее Бушар.

Азари, кој е на слобода откако платил кауција, ќе биде осуден поради организирани измами од 20.000 долари, лажна употреба на идентификација и поради поседување кокаин во случај на неговото апсење.

Овој измамник два месеци живеел на сметка на тенисерката Бушар, јадел и пиел во луксузниот хотел, а направил сметка од 42.000 долари во текот на тој период.

Ежени Бушар тогаш била во Европа каде што учестувала на Вимблдон и Ролан Гарос.

##https://twitter.com/usatodaypost2/status/1164103291468431360##

Тој упеал да ги измами рецепционерите на тој хотел и да се претстави како брат на убавата тенисерка. Според пишувањето на овој портал, Бушар се сретнала со тој човек неколку пати и неколку пати била забележана со Соломон во хотелскиот бар.

Но, како што јавуваат од „Fox News“, неа ѝ ја покажале фотографијата на криминалецот, а таа под заклетва изјавила дека никогаш не го видела тој човек и дека тој немал право да ја користи нејзината сметка.

Хотелот не се сомневал на измама сè додека менаџерот на тенисерката не поднел жалба за висок трошок од 29.000 долари до 30-ти јули. Набрзо потоа била започната истрага во хотелот, а во меѓувреме уште 13.000 долари биле наплатени од сметките на Бушар.

Азари бил фатен во неделата кога со двајца свои пријатели отишол во ресторанот на тој хотел.




Спонзорирани линкови

Маркетинг