Стапалото на Ким Кардашијан на оваа фотографија ги збунило луѓето: Ти пораснал шести прст?

Точка

21/08/2019

21:12

10.744

Големина на фонт

а а а

Оптичка илузија, фотошоп или нешто друго?

Сестрите Кардашијан се познати како љубители на фотошопот, поради што често имаат испади кои ги забележуваат нивните фанови. Девојките сега повторно се на удар на критики на фановите. Имено, Ким Кардашијан и Кајли Џенер ја уредиле фотографијата, а нивните пријатели забележале дека Ким има шест ножни прсти. 

"На фотографија од пред десетина дена Ким имаше пет ножни прсти, а сега има шест. Како успеа толку да погрешиш со фотошопот и да додадеш прст?", ја прашале фановите.

Поради невештото работење на фотошоп, дел од стапалото на Кардашијан на фотографијата изгледа како шести прс.

По повод новиот фотошоп скандал се огласил и претставник на ријалити ѕвездата, кој ги негирал овие наводи.

"Не станува збор за грешка во фотошоп, тоа е оптичка илузија", рекол тој за Mirror.


Неодамна Кајли со Анастасија Караниколау објавила неколку фотографии, кои претерано ги обработила во фотошоп.

На една фотографија девојките седат на двосед, а перниците во позадина се искривиле.

"Следен пат кога ќе ги преправате своите фотографии, најпрво бидете сигурни дека не седите покрај перници кои имаат линии", порачале тогаш фановите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг