Снимајќи документарни филмови за тунелите во Лас Вегас, екипата наишла на неочекувана соговорничка, некогашна ѕвезда во филмовите за возрасни - Џени Ли.
Сега е бездомничка, живее без вода за пиење, но таа вели дека е среќна и дека тунелот има сè што ѝ е потребно.
Нејзиното вистинско име е Стефани Садора, има 36 години, а на листата на најдобри актерки за филмови за возрасни се наоѓа на 119-то место.
Луѓето од телевизиската екипа не ја препознале, самата таа се претставила и открила детали од животот во тунелот.
„Всушност бев многу популарна. Можеби и премногу. Би требало сè уште да бидам на некоја листа во топ 100. Некогаш бев многу сексапилна“ - изјавила Стфани, но не објаснила како станала бездомничка и завршила во тунел.
„Колку и да изгледа грозно тука, сите се полни со почит кон мене. Се имаме едни со други, а тоа не може да се сретне “горе“. Среќна сум и сè што ми треба го имам тука“ - изјавила таа и додала дека животот под земја ѝ овозможил да најде многу искрени пријатели.
Повеќе од 320 километри на одводните тунели под улиците на Лас Вегас се дом за многу бездомници веќе со години, а изградиле и вистинска мала заедница која вклучува заеднички соби и дневни задачи.
Под името Џени Ли на „PornHub“ и понатаму има 45 илјади претплатници, а нејзините филмови за возрасни прегледани се околу 135 милиони пати. Нејзината IMDB страница покажува дека послетната соработка во филмовите за возрасни ја снимила во 2016-та година.