Вулгарно или оригинално?: Парот испратил необични покани за нивната венчавка, а многумина биле згрозени

Кармин

21/08/2019

14:45

4.301

Големина на фонт

а а а

Како ви изгледа ова вас? Еден пар неодамна одлучил на своите роднини и пријатели да испрати необични покани за нивната венчавка.

Невестата фотографиите од поканите за венчавката ги споделила на „Reddit“, но коментарите кои следеле не биле онакви какви што се надевале тие. Многумина им замериле на младенците за вулгарниот пристап и несоодветното користење на зборовите.

Поканите се напишани со многу експлицитен речник, а младенците на поканетите гости им се обраќаат како на “будали“.

Од нив побарале да означат дали ќе дојдат на нивната прослава “е*ено секако“ или за тоа “нема проклета шанса“.

Потенцијалните гости исто така требало да наведат во кој дел од церемонијата планираат да дојдат. Како можни опции имаат: во текот на размена на заветот, глупавата свирка или дарувањето на младенците.

„Пцуењето на поканата не е забавно. Дрско е и ужасно. Дури и доколку тоа не е вашата намера. Смислете нешто попаметно и пооригинално, подобро ќе се памети тоа“ - некој им порачал на младенците, а со тоа се согласиле и останатите.

„Да, ова изгледа евтино и вулгарно“ - заклучил некој, а имало и онакви кои се прашувале “дали тоа е дел од некоја глупава шега“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk