Осумгодишник го "позајмил" автомобилот од својата мајка: Возел со 140 км/ч. и му било "малку непријатно"

Точка

21/08/2019

15:35

2.466

Големина на фонт

а а а

Полицијата соопштила дека 8-годишно дете го возело автомобилот на својата мајка на автопат во западна Германија.

Полиција во Зест наведува дека мајката повикала полиција откако забележала дека синот и "голфот" исчезнале. 

Детето било пронајдено на еден паркинг, каде ги вклучило четирите светла и поставило триаголник за опасност. Тој, како што наведува агенцијата, на полицијата и рекол дека застанал, бидејќи му било непријатно на автопатот кога достигнал брзина од 140 километри на час.

Мајката изјавила дека детето редовно вози картинг, а дека претходно вежбало да вози автомобил на приватен имот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг