Каков срам! Погледнете како “кралот“ на дрога им избегал на Украинците од аеродром!

Точка

21/08/2019

14:02

9.237

Големина на фонт

а а а

Снимките од безбедносните камери од аеродромот „Бориспил“, покажуваат со каква леснотија побегнал Амос Дов Силвер, основачот на најголемата светска мрежа за продажба на дрога преку интернет, и тоа за време на депортацијата.

Т.н. кралот на дрогата, донесен е на 15-ти август на аеродромот за да биде депортиран назад во Израел.

Поминал низ пасошката контрола и му била скината алката за следење. Меѓутоа, додека чекал двајца припадници на SBU да поминат низ контролата и да ги соберат своите работи, го искористил нивното невнимание и само си заминал.


Се упатил кон една од зоните на аеродромот и исчезнал. Интересно е што никој не забележал кога истрчал кон излезот, туку сите продолжиле со своите активности.

Одлуката за депортација била донесена на 15-ти август, иако украинските власти не ги известиле израелските колеги за тоа, туку само почнале со изведување.

„Да, имаше бегство. Неговата екстрадиција беше исклучиво во надлежност на Украинската служба за безбедност (SBU), тие не ја известиле полицијата, канцеларијата на јавниот обвинител или било која агенција која вообичаено е вклучена во таквите постапки. Затоа, ова прашање е во нивна надлежност“, навела тогаш полицијата.

Сепак, и покрај неверојатното бегство, странските медиуми известуваат дека Силвер е пронајден и депортиран во Израел.

Амос Дов Силвер е основач на најголемата глобална дистрибуциска мрежа за дрога преку интернет и има двојно државјанство, САД и Израел.

Уапсен е во Киев на 15-ти март, на барање на Израел. Во тоа време властите на Украина неговото апсење го карактеризирале неговото апсење како најголема, успешна заедничка операција на украинската полиција и странските колеги.

Во јули Силвер е пуштен од притвор пред судењето и бил во куќен притвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг