Голем број полицајци го опколиле домот на Катица Јанева, кој се наоѓа во скопско Козле, поради налог за нејзино апсење.
Во тек е приведување на Јанева која во текот на вчерашниот ден даде исказ како сведок за потребите на истрагата “Рекет”, но од денеска нејзиниот статус е променет во “осомничена”.
Утринава Катица воопшто не се појавила во просториите на Специјалното Јавно Обвинителство, по што следуваше акција за апсење во нејзиниот дом. Блокирана е и улицата каде што се наоѓа домот на обвинителката.
Наскоро се очекува повеќе информации од Обвинителството за организиран криминал каде вчера Јанева беше на распит.