Еден ресторан во Калифорнија ќе стане првиот угостителски објект во САД кој ќе има производи од канабис во редовната понуда.
Од "Lowell Cafe" кое се наоѓа во западниот дел на Холивуд, потврдиле за "Fox News" дека тие ќе бидат првиот ресторан во САД кој на своите клиенти ќе им понуди канабис во разни облици.
За да ручате во овој ресторан, мора да имате повеќе од 21 година. Гостите ќе можат да бираат кој вид на канабис го сакаат и на кој начин ќе им биде послужен.
Како што се наведува на сајтот на ресторанот, тие на гостите ќе им нудат "цветно мени", за кое велат дека ќе се менува секојдневно на основа на сезонските жетви.