Атлантскиот океан е преполн со пластика: Најдени екстремни количини во "најчистата вода"

Точка

21/08/2019

09:55

2.828

Големина на фонт

а а а

Насекаде има ситни, светкави парчиња пластика, односно микропластика.

Внатре во Атлантскиот океан постои единственото море на светот кое нема брег. Станува збор за Саграшко море, чии граници се дефинирани од океанските струи. 

Саграшкото море своето име го добило по пелагичките алги од родот Саргасум кои пловат по површината на морето. Обиколено е од морски струи: на запад Голфската, на север Северноатлантската, на исток Канарската, а на југ Северноекваторската струја.

Во самото Саграшко море нема морски струи, па поради тоа водата во него е мирна и досега била кристално чиста, а можело да се гледа до длабочина од 60 метри.

Еколозите неодамна на тоа инаку чисто подрачје пронашле новосоздадена огромна дамка од отпад: ѓубре кое дошло од земјите чии брегови се наоѓаат на Атлантскиот океан, од западниот брег на Африка до источниот брег на САД. Насред ѓубрето кое плови, се крие огромна количина на микропластика која завршува во шкргите и желудниците на морските животни.

Новинарка на CNN се приклучила на експедицијата на организацијата "Greenpeace" која патувала во Саграшкото море за да го процени нивото на загаденост. Кога дошле до подрачјето каде наоѓаат пелагичките алги, виделе разноразни парчиња пластика: шишиња за шампон, прибор за риболов, пластични садови и кеси.

Кога еколозите нурнале во синото море, сфатиле дека насекаде околу нив има ситни, светликави парчиња пластика, односно микропластика.

Научниците од "Greenpeace" велат дека во Саграшкото море пронашле екстремно високи концентрации на микропластика. Иако уште ги анализираат примероците и немаат резултати за целото прегледано подрачје, изјавиле дека во еден примерок откриле речиси 1.300 фрагменти на микропластика, што е повеќе отколку што било пронајдено во големата пацифичка дамка од ѓубре.

"На подрачјето каде се наоѓаат алгите Саргасум и каде што имаме земено повеќе примероци, забележавме многу парчиња пластика замотани во алгите. Бојата на морето е прекрасна, сина. Но, кога ги анализирате примероците, се шокирате од количината на микропластика", рекла Селија Оједа, биолог.




Спонзорирани линкови

Маркетинг