Лозано пристигна во Наполи

Точка

21/08/2019

11:06

901

Големина на фонт

а а а

Мексиканскиот репрезентативец синоќа пристигна во Неапол и денес и официјално ќе стане нов фудбалер на Наполитанците.

Крилниот напаѓач на ПСВ, Хирвинг Лозано допатува во Италија каде што ќе го комплетира трансферот во Наполи. Тој денес ќе ги мине лекарските прегледи по што и официјално ќе стави потпис на договор со Наполи.

За неговите услуги Наполитанците ќе издвојат 38 милиони евра, плус бонуси.

Тој на 79 натпревари за ПСВ постигна 40 погодоци и ја освои шампионската титула во холандското првенство во 2017/18.



Спонзорирани линкови

Маркетинг