Првиот пловечки дрон: Еве како оваа воена машина ќе ја штити американската флота

Точка

21/08/2019

10:52

1.851

Големина на фонт

а а а

Американската морнарица наскоро ќе добие брод со кој нема да управуваат луѓе – го нарекуваат “LUSV”, односно Large Unmanned Surface Vehicle.

Наводно во план е изградба на 10 такви бродови во следните пет години. Овие „пловечки дронови“ ќе бидат извидница за воената флота и ќе бидат опремени со софистицирани радари и сонари, а исто така ќе превезуваат и ПВО проектили и крстосувачки ракети.

Еден ваков „пловечки дрон“ ќе биде способен да врши низа на самостојни операции или во соработка со другите пловила. “LUSV” ќе може да спроведува полу-автономни или целосно автономни операции и со пловилото ќе управуваат оператори од голема далечина.

„Во буџетот за фискалната 2020-та година, морнарицата побара 400 милиони долари за изградба на два “LUSV” бродови кои ќе бидат со должина од 60 до 90 метри и со депласман од 2000 тони како дел од програмата за развој и истражување“, пренесува “US Naval Institute News”.

“LUSV” би бил најголемиот брод на светот без екипаж, но за секој случај ќе има и одредени можности за прифаќање на помал број на човечки екипаж. Генерално е замислен како невооружен брод, но ќе има и можност за вооружување со против-бродски и крстосувачки ракети.

“LUSV” најчесто ќе плови пред флотата на американската морнарица и ќе детектира закани пред да бидат воочени од другите. Целиот проект настана по примерот на “Sea Hunter”, брод без екипаж кој што е со нешто помали димензии, беше изграден во 2016-та година, а оваа година успешно отпатува до американската сојузна држава Хаваи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг