Вучиќ по средбата со Помпео: Moже да сметаме на американска поддршка за укинување на таксите

Макфакс

20/08/2019

21:45

1.211

Големина на фонт

а а а

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, вечерва како продуктивен го оцени разговорот со српскиот претседател, Александар Вучиќ, во врска со дијалогот Белград-Приштина и пристапот на Србија во ЕУ.

Тој ова го напиша на својот профил на „Твитер“ по средбата во Њујорк.

„Нормализацијата на односите со Косово ќе ги зајакне стабилноста и просперитетот на Србија, Западен Балкан и трансатлантската заедница“, наведува Помпео во објавата.

Српскиот претседател по средбата порача дека Србија може да смета на американска поддршка кога станува збор за укинување на таксите и продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

„Зборувавме долго за сè. Тој сакаше да слушне што мисли Србија пред сè за решавање на косовскиот проблем. Ми се чини дека на најкраток и наједноставен начин го претставив ставот на Србија“, напиша на „Инстаграм“ српскиот претседател.

Средбата меѓу Вучиќ и Помпео траела подолго од очекуваното, околу два часа, пренесуваат српските медиуми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг