Наложена итна евакуација на мигрантите кај Лампедуза

Макфакс

20/08/2019

21:43

1.243

Големина на фонт

а а а

Обвинителството во италијанскиот град Агриџенто нареди запленување на бродот на невладината организација „Опен армс“ закотвен во близина на островот Лампедуза, како и итна евакуација на сите мигранти на бродот.

Според агенцијата „Анса“, одлуката е донесена откако главниот обвинител попладнево бил во обиколка на бродот со тим на лекари.

Бродот изминативе 19 дена пловеше во близина на Лампедуза, со речиси 100 мигранти на палубата.

Се очекува мигрантите да бидат евакуирани од бродот во текот на вечерта, но деталите треба да се формализираат, соопшти обвинителството, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг