Владимир Путин за Втората светска војна: Некои земји бесрамно наметнуваат неточни причини за конфликт!

Точка

20/08/2019

21:39

3.536

Големина на фонт

а а а

Во некои земји континуирано се наметнуваат срамно неточни причини за почетокот на Втората светска војна, рекол денека рускиот претседател Владимир Путин во поздравното обраќање на отворањето на изложбата „1939-та Почеток на Втората светска војна“.

Изложбата, која била отворена во Рускиот сојузен архив, го опфаќа периодот меѓу моментот кога Чехословачка престанала да постои како суверена држава во март 1939-та година и германскиот напад врз Полска на 1-ви септември истата година.

„Втората светска војна беше ужасна катастрофа за целото човештво, нанесувајќи длабоки рани на милиони луѓе и оставајќи белег на судбините на генерациите“, нагласи Путин.


Тој истакнал дека, за жал, во некои држави се прават напори причините за Втората светска војна да се преправат врз основа на лични, политички и економски интереси, преку искривување на историските факти, пренесува агенцијата ТАСС.



Спонзорирани линкови

Маркетинг