Една од најубавите жени на светот признала дека сама ги завршува обврските околу домот и се грижи за своите пет деца

Точка

20/08/2019

19:22

4.428

Големина на фонт

а а а

Во нејзината куќа владее матријархат. Рускиот супермодел Наталија Водјаднова со оглед на условите во кои живее открива дека и понатаму сама ги завршува работите во својот дом и се грижи за своите пет деца.

37-годишната Наталија е мајка на Лукас (19), Нев (13) и Виктор (12) кои ги има од првиот брак со сопругот Џастин Портман и Максим (5) и Романа (3) со новиот сопруг Антон Арнаулт.

Седумчленото семејство живее во луксузен дом во Париз со поглед кон Ајфеловата кула, но Наталија признава дека поголемиот дел од обврските околу домот ги завршува сама.


Таа открила дека нејзиниот сопруг не сака ни да се приближи до кујната.

„Не знае дури ни омлет да направи“ - изјавила шеговито и додала дека нејзиниот дом е “феминистички настроен“.

View this post on Instagram

Smells like teen spirit ??

A post shared by Natalia Vodianova (@natasupernova) on

„Во нашиот дом жените сè уште носат одлуки за исхраната и пазарењето“.

Наталија рпед неколку години признала дека е строга кога станува збор за брзата храна и дека тоа им го скратила на своите деца.

Нејзиниот сегашен сопруг е сопственик на компанијата LVMH која поседува 15 модни куќи вклучувајќи ги и Луј Витон, Диор и Живанши.

Меѓутоа без оглед на големото богатство на нејзиниот сопруг, Наталија самата има своја кариера како супермодел па така учествувала во над 200 модни ревии, била на насловна на списанието „Vogue“ неколку пати и била заштитно лице на многу модни брендови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг