Јувентус со големо задоцнување го претстави играчот кој цело лето тренираше со првиот тим

Дерби

20/08/2019

18:58

2.170

Големина на фонт

а а а

Јувентус ова лето издови огромна сума на пари за доведувањет на Матијс Де Лихт, па токму поради тоа, во втор план западна играчот кој беше доведен во редовите на италијанскиот првак уште пред младиот Холанѓанец.

Станува збор за турскиот стопер Мерих Демирал кој цело лето го мина со првиот тим на Јувентус, па откако заврши подготвителниот период, Јуве со огромно задоцнување конечно реши да закаже официјална прес-конференција и промоција на 21-годишниот фудбалер. Демирал потпиша петгодишен договор со Јувентус и официјално го напушти Сасуоло за сума од 18 милиони евра, а добрите перформанси кои ги прикажа во подготвителниот период се добар предуслов за тоа дека Јувентус има светла иднина на стоперските позиции.

– Јувентус ги има едни од најдобрите играчи во светот. Кјелини, Бонучи и сите искусни фудбалери ме прифатија одлично во соблекувалната и ми помогнаа да се адаптирам. Сакам да учам од најдобрите играчи, – изјави младиот Демирал кој стана првиот Турчин кој потпишал со Јуве.

– Сакам да бидам пример за моите сонародници. Времето кое го минав во Сасуоло многу ми помогна да дојдам тука. Ова е најдобрата земја за да станете добар дефанзивец, Сари е директно вклучен во дефанзивните теренинзи и тоа е голема предност за нас младите фудбалери, – образложи Турчинот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг