Филип Пешевски „Без оглед на сè“ храбро чекори на македонската сцена: Сними спот со ќерката на Хелена Роза, а девојките полудуваат по него

Точка

20/08/2019

22:07

11.195

Големина на фонт

а а а

Македонската естрада полека, но сигурно почнува да наликува на она што наликуваше пред многу години. Многу македонски пејачи, композитори, продуценти, музичари, мноу таленти, кои се борат за своето место во оваа мала, а полна со таленти земја.

Еден од нив е Филип Пешевски, младо, скромно момче кое во последниов период стана популарно со последната песна „Без оглед на сè“, со која топи многу женски срца, но и со која докажа дека во нашата земја има и убави работи за кои може да се зборува.

Од кога почна да се занимаваш со музика, кој беше твојот прв настап?


На 13 години почнав да свирам на гитата, а дури во 2018-та година се претставив како Дебитант на Макфест, со песната „Кукло моја несудена“.

Точка дознава дека пееш повеќе жанрови, но во што ти најмногу уживаш?

Така е, пеам повеќе жанрови. Најмногу ми одговата поп музиката, но сепак најмногу уживам додека пеам и слушам класична музика.

Колку беше лесно или тешко да се истакнеш во морето со нови млади и талентирани пејачи?


Па, со оглед на тоа што мојата генерација е доста талентирана и има многу добри пејачи, искрено одлично се снаоѓам и среќен сум што имам можност да бидам во тоа „море од пејачи“, како што велиш ти. :)

Кому ја посвети „Без оглед на сè“?

„Без оглед на сè“ ја посветив на сите оние кои што веруваат и не веруваат во ова што го правам. :)

Може ли да споделиш со читателите на Точка некоја досега неоткриена случка од снимањето на спотот со атрактивната Кјара Гоља?

Во спотот е откриено буквално сè. Сите интересни случки се во спотот, и затоа се одвоени и се ставени токму во него.


Кој е човекот кој ти е репер во животот?

Мајка ми!


Што би направил „Без оглед на сè“?

Би бил она што сум во приватниот живот - искрен и реален, бидејќи ако не си искрен, публиката го чувствува тоа.

И за крај, каде се гледаш за 10 години од сега?

За 10 години се гледам на некоја голема сцена со мојот Арија Бенд.


Автор: Цеце Николова



Спонзорирани линкови

Маркетинг