„Им даваме малку повќе време за да се осамостојат“: Белата куќа повторно ја продолжи лиценцата на Хуавеј

Точка

20/08/2019

16:50

1.641

Големина на фонт

а а а

Американскиот министер за трговија, Вилбур Рос, изјавил дека влатата на САД ќе ја продолжи привремената лиценца на Хуавеј за 90 денови, што на кинеската компанија ќе ѝ овозможи купување на делови од американски произведувачи, за да може да ги сервисира постоечките купци.

„Грејс периодот“ за Хуавеј се продолжува и покрај тоа што речиси 50 нивни филијали се додадени на „економската црна листа“ на САД, наведува агенцијата Ројтерс. 

„Привремената општа лиценца“ за Хуавеј, која истекува денеска, ќе биде продолжена за 90 денови, рекол Рос за Фокс бизнис нетворк.

Исто така навел дека 46 филијали на Хуавеј, се дел од т.н. “црна листа на ентитет“, што значи дека моментално повеќе од 100 „ентитети“ на Хуавеј во моментов имаат ограничувања.


Целта на најновото продолжување, како што навел Рос е да им се помогне на американските клиенти, од кои многумина управуваат со мрежи во руралните делови на САД.

„Им даваме малку повеќе време да се осамостојат“, рекол Рос.

Од 70 милијарди долари, колку што потрошиле Хуавеј за купување на компоненти во 2018-та година, околу 11 милијарди долари биле наменети за американски компании, меѓу кои биле Qualcomm, Intel и Micron, наведува Ројтерс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг