Новиот Nissan Juke ќе дебитира во Франкфурт

Точка

20/08/2019

16:30

1.388

Големина на фонт

а а а

Nissan својата втора генерација на SUV моделот Juke ќе ја претстави онлајн на 3-ти септември, а дебито пред публиката ќе го има нешто подоцна истиот месец на Саемот за автомобили во Франкфурт.

Освен тизер фотографиите објавени досега, од Nissan не откриваат премногу за новата генерација на Juke, но лесно може да се заклучи дека ќе го следи истиот интересен дизајн на својот претходник.

Новиот Juke ќе биде „изграден“ на CMF платформата на која што се направени Renault Clio и Captur, а во продажните салони ќе се најде на почетокот на 2020-та година.


Што се однесува до погонот, се очекува во понудата да се најде троцилиндарски 1.0-литарски турбо-бензинец, четирицилиндарски 1,3-литарски турбо-бензинец со 140 и 163 коњски сили, како и 1,5-литарски турбо-дизел мотор.

Juke исто така би требало да има и хибриден погон во чија што основа ќе биде 1,6-литарскиот бензински мотор, а батериското напојување од 9,8 kWh би требало да овозможи автономија од 30 километри на електрична енергија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг