Се "тркале" кој ќе биде поголем џентлмен: Макрон седел на сонце за Русите да уживаат под сенка, а Путин со подарокот ја воодушевил Бриџит

Точка

20/08/2019

16:08

4.353

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија, Владимир Путин, престојувал во тврдината Брегансон, каде се наоѓа летната резиденција на францускиот лидер Емануел Макрон, а при обраќањето до медиумите не ја пропуштил можноста да му се заблагодарил на францускиот колега што го примил на такво прекрасно место.

"Уште од хеликоптерот можевме да видиме колку е убав овој дел на Франција", рекол Путин и му се заблагодарил на Макрон на гостопримството. 

Во местото Борм-ле-Мимоз, каде се наоѓа тврдината, температурата изнесувала 32 степени, а Макрон ги покажал џентлменските манири отстапувајќи им го ладот на гостите, додека самиот седел на сонце.

Тоа го забележал и Путин, кој рекол: "Макрон е толку љубезен што целата наша делегација ја смести во ладовина, а тој самиот и неговата делегација на сонце".

Освен тоа, Путин и подарил букет цвеќе на сопругата на францускиот претседател Брижит Макрон.

Првата дама на Франција само неколку минути пред состанокот со Путин го отстранила завојот од повредената рака.

Макрон го повикал рускиот лидер во својата летна резиденција на Азурниот брег, на состанок и вечера, само неколку дена пред почетокот на самитот Г7 во градот Бијариц, на кој би требало да присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп.




Спонзорирани линкови

Маркетинг