Како електирчниот автомобил на „Порше“ ќе изгледа одвнатре?
Се очекува „Порше“ да го претстави својот нов модел на 4-ти септември.
„Taycan“ е првиот електричен автомобил на компанијата, а сега добивме една од ретките можности да видиме како овој автомобил ќе изгледа одвнатре.
Тоа што „Порше“ го истакнува е тоа што тоа ќе биде првиот фабрички модел кој комплетно ќе го интегрира „Apple Music“ и така на корисниците ќе им даде можност да имаат пристап до база со повеќе од 50 милиони песни.
А тука спаѓаат и три години бесплатен интернет во автомобилот.
Кога станува збор за таблата со команди, во голема мера потсетува на моделот „992“ додека пак воланот е целосно префрлен од моделот„911“.
Тука има и различни функции за возење, како што се Normal, Sportm Sport+, Individual и Range.
Од „Порше“ сè уште не сакаат да ги споделуваат техничките спецификации на моделот, но нè потсетија дека ќе има 600 коњски сили, а брзина од 200 километри на час ќе постигнува за помалку од 10 секунди.