Ја фотографирала својата нова куќа - Кога ја погледнала фотографијата занемела од ужас!

Точка

20/08/2019

14:20

6.355

Големина на фонт

а а а

Неверојатен случај во ова англиско село. Мишел Мидвинтер (30), мајка на две деца пред еден месец се вселила во куќа во некое село во Англија.

За да им ја покаже куќата на своите пријатели, излегла надвор и ја фотографирала. На прозорецот во тој момент се појавило лице. Мишел раскажала дека веднаш влегла внатре да провери дали има некој во куќата, но собата во која го видела лицето била празна.

„Некои веруваат дека станува збор за сенка од цвеќињата, но не верувам“ - изјавила Мишел.

Ова не е единствената чудна работа затоа што Мишел вели дека некогаш во куќата одеднаш паднал ѕидниот часовник, а нејзините приајтели тврдат дека вратата сама се отворила иако од другата страна немало никој. Мишел фотографиите ги објавила на Фејсбук, но никој од пријателите не можел да најде логично решение.

Локалниот историчар Андреј Џонс (50) тврди дека лицето на прозорецот би можело да биде дух на Семјуел Кент кој починал во 1872-та година.

Семјуел бил татко на девојче Констанс која на 16 години брутално го убила својот тригодишен брат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг