Дали се 3D екраните во автомобил добра идеја?

Точка

20/08/2019

12:09

1.552

Големина на фонт

а а а

Бројни дисплеи веќе станале стандард во автомобилите, дигиталните контролни табли станале главно обележје на кокпитот, речиси таблата да е поважна од моторот на автомобилот, а наскоро се очекува еден технолошки тренд кој ќе ја подели јавноста.

Според анализите на германската компанија "Bosch", еден од најголемите произведувачи на делови за автомобил, иднината се 3D контролни табли. 

"Bosch" тврди дека тридимензионалниот екран му помага на човековиот мозок побрзо да открие важни известувања како предупредување на системот за помош.

Производот користи пасивна 3D технологија за создавање на реалистичен тридимензионален ефект, кој овозможува прикажување на визуелни информации побрзо отколку кога се прикажуваат на вообичаени екрани.

Освен тоа, овој тридимензионален екран ќе може совршено да се следи и без 3D очила и слични дополнителни помагала.

"Bosch" на претстојниот автосалон во Франкфурт во септември ќе го претстави својот 3D екран за кокпит на автомобил.

Освен безбедносниот аспект, новиот 3D екран на Bosch би требало да претставува олеснување и во секојдневните ситуации.

На пример, при паркирање - сликата од камерите за возење рикверц е пореална, што овозможува порано откривање на препреките.

А возачите може да добијат уште подобра претстава за тоа колку простор им останало меѓу задниот браник и, да речеме, ѕидот од гаражата.

Дури и во навигацијата тридемензионалната слика му помага на возачот, наведува "Bosch". Посебно во градско окружение меѓу високи згради, вака попрецизно ќе се покажува на која раскрсница би требало возачот да заврти.

Меѓутоа, за да осигури дека се посложената технологија не зазема дополнителен простор или влијае на тежината, "Bosch" ќе ги централизира управувачките единици за 3D екранот во еден патен компјутер.

Анализите покажуваат дека глобалниот пазар на екрани за возила ќе се дуплира од 15 милијарди на 30 милијарди долари до 2025-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг