Сцена која ќе ви го разубави денот: Дошол во бар, а потоа во неговото крило седнал потполно неочекуван гостин

Точка

20/08/2019

11:18

3.139

Големина на фонт

а а а

Лисиците важат за диви животни, но помеѓу нив можат да се најдат и големи “мази”. Во тоа лично се уверил и Англичанецот Гери Сајнс кој, кога седнал во еден лондонски паб со својата девојка, добил неочекуван пријател.

Додека седеле, во пабот влегла лисица и се сместила покрај него. 

“Беше апсолутно бизарно. Бев загрижен дека ќе ме гризне, но веднаш беше јасно дека таа е пријателски расположена. Ми дозволи да ја галам, легна покрај мене и ја стави шепата на мојата нога”, рекол Гери.

Неговата девојка Линдзи веднаш го зела телефонот и почнала да го снима Гери и лисицата на која ѝ го дале името Џорџ. На снимката се гледа како таа се умилкува и бара внимание од Гери.

“Тоа е само човек и неговата лисица. Буквално ќе заплачам. Џорџи, сакаш ли да дојдеш со нас? Децата би обожувале да имаат лисица за милениче”, рекла Линдзи.

“Седеше покрај мене како куче, буквално беше како да имам куче покрај себе”, додал Гери.

Тој рекол дека лисицата најверојатно влегла во пабот во потрага по храна, а очигледно вработените таму се навикнале на неа бидејќи ѝ дале да јаде кучешка храна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг