Британија најави укинување на слободата на движење

Макфакс

20/08/2019

09:59

1.065

Големина на фонт

а а а

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата на движење. Ова претставува заострување на ставот во однос на претходната Влада. Премиерот Борис Џонсон претходно рече дека Британија нема да биде непријателски настроена кон имиграцијата.

Поранешната премиерка Тереза Меј, предвидуваше „транзиски период“ дури и во случај Велика Британија да излезе од ЕУ без договор, што на европските граѓани ќе им овозможеше да патуваат во Велика Британија, за работа или студирање. 

„Слободата на движење, таква како што денеска постои, ќе заврши на 31 октомври кога Велика Британија ќе ја напушти ЕУ. По Брегзит Владата ќе воведе нов и поправеден имиграциски систем во кој приоритет ќе бидат вештините и тоа како овие луѓе ќе можат да и придонесат на Велика Британија, а нема да биде местото од каде тие доаѓаат“, изјави портпаролката на Даунинг Стрит 

Деталите за новите правила за слободно движење наскоро ќе бидат познати, а ќе вклучуваат и построги проверки за евентуално криминално минато на оние кои сакаат да влезат на островот. 

The3million, здружение кое ги претставува интересите на 3,6 милиони Европејци кои престојуваат во Велика Британија, изрази незадоволство од новата одлука. 

„Тоа е неодговорно и ги отвора вратите за дискриминација генерално, напишаа тие на Твитер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг