Реал Мадрид ова лето донесе неколку звучни имиња и Марсело смета дека на „Кралевите“ повеќе не им се потребни нови засилувања за новата сезона.
Мадридскиот клуб потроши околу 300 милиони евра за нови фудбалери, а во првото коло избраниците на Зидан дојдоа до победа над Селта Виго.
„Имаме добар тим. Ќе биде тешко, но ако сите се фокусираме на своите задачи, тогаш можеме да освоиме сѐ. Ме научија да се борам за сите титули откако пристигнав во Реал Мадрид“, изјави Марсело и додаде:
„Нема да биде поинаку и оваа година и ќе се бориме за освојување на титулата во домашното првенство, во Лигата на шампионите и Кралскиот куп“, изјави Марсело.