Се одложува дебито на клупата на Јувентус? Сари има воспаление на белите дробови

Точка

20/08/2019

09:08

460

Големина на фонт

а а а

Од торински Јувентус соопштија дека на Маурицио Сари му било дијагностицирано воспаление на белите дробови, поради што би можел да го пропушти дебито во Серија А против Парма.

После подолгата борба со грипот, на Сари му било дијагностицирано воспаление на белите дробови, поради што го пропушти гостувањето на последниот предсезонски натпревар на „Бјанконерите“.

Сари пропуштил и неколку тренинзи и под знак прашалник е дали ќе биде на клупата на Јувентус на првиот натпревар од новата сезона во Серија А против Парма.

„Во доцните попладневни часови му беа извршени нови тестирања кои потврдија дека има воспаление на белите дробови за кои е пропишана посебна терапија“, стои во соопштението на Јувентус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг