Се вклучи алармот во Русија: Има се помалку Руси, за три децении загубиле 5 милиони луѓе

Точка

20/08/2019

11:30

1.975

Големина на фонт

а а а

Популацијата на Русија повторно се намали оваа година, а тоа е предизвик за руските власти кои се обидуваат да поттикнат зголемување на наталитетот, додека демографската криза истовремено ја забавува економијата.

Според месечиниот извештај на „Ростат“, бројот на жители во Русија во првата половина оваа година се намалил за 64,800 луѓе и изнесува 146,7 милиони. Русија од 1991-ва година загубила повеќе од пет милиони жители поради демографската криза после распадот на СССР.

Соочен со овој пад на бројот на жителите во најголемата земја на светот, претседателот на државата, Владимир Путин во повеќе наврати се осврнуваше на прашањето на „семејната политика“, а во изминатите години често се поттикнуваа семејствата да имаат повеќе деца, нудејќи најразлична помош.


Во објавениот извештај, руската статистичка служба наведе дека „растот на миграцијата надоместил само 64% од природниот пад на бројот на населението“.

„Со забрзувањето на падот кој се одвива веќе шеста година по ред, природниот пад на бројот на жители претставува значаен ризик за обезбедување на одржливиот природен раст на руската популација“, предупредија од руската статистичка служба.

Според извештајот, намалена е и работната сила за 700 илјади луѓе во периодот од јануари до јуни 2019-та година, во споредба со истиот период од 2018-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг