Тестирањето на американската ракета е порака до Русија: Ова оружје беше забрането со договорот кој неодамна се распадна

Точка

20/08/2019

09:30

1.819

Големина на фонт

а а а

Американската војска ја тестираше конвенционалната крстосувачка ракета земја-воздух, а станува збор за тест на оружје кое што беше забрането со Договорот за забрана на ракети од среден и краток домет (ИНФ) кој неодамна се распадна.

Како што соопштија од Пентагон, ракетата била лансирана во неделата од островот Сан Николас во американската сојузна држава Калифорнија и прецизно погодила мета после 500 километри лет.

Исто така, наведено е дека ракетата служи за носење на конвенционална, а не нуклеарна боева глава.

Соединетите Американски Држави се повлекоа од Договорот за забрана на ракети од среден и краток домет со Русија, откако властите од Вашингтон со години ги обвинуваа руските власти дека го прекршуваат со распоредувањето на свои ракети кои можат да носат нуклеарно полнење.

Откако Трамп и официјално наред повлекување од Договорот, истото го направија и руските власти.

Со тоа беше ставена точка на договорот за контролата на вооружувањето постигнат пред неколку децении, а кој забрануваше развивање на ракети земја-воздух со домет од 500 до 5,500 километри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг