Ја започнала кариерата во сиропатилиште, а постигнала сè сама: Никогаш не се школувала, а била моден револуционер! Нејзината животна приказна е инспирација

Точка

19/08/2019

17:13

2.949

Големина на фонт

а а а

Коко Шанел (1883 г. - 1971 г.) имала крајно необична животна приказна, а тие несекојдневни нејзини ситуации кај неа ја разбудиле креативноста. Модната дива е родена на денешен ден.

Татко ѝ не сакал да се грижи за неа па ја оставил во сиропатилиште. Таму девојчето научило да шие затоа што воспитувачите таму се труделе да ги научат децата на занаети кои можат да им користат кога ќе ја напуштат установата. Бидејќи таа била многу талентирана, а и знаела да остави впечаток на луѓето околу себе, особено на мажите и брзо напредувала.  


Отворила бутик за шешири кој многу добро работел што набрзо се преселила во престижниот дел од Париз. Како што поминувало времето го сменила и своето име и се нарекла Коко (вистинското име ѝ е Габриел Шанел).

„Снајди се со она што го имаш“, била една од почетните формули за Коко Шанел кога стариот фустан го исекла и во него ја вметнала предницата од машката кошула со крагна и копчиња. Во тоа време жените сè уште носеле корсети. Носеле и фустани во кои не можеле да дишат, а уште помалку да одат, трчаат или работат.


Коко Шанел им ги “соблекла“ корсетите како и некои непотребни украси: големи пердуви на шеширите и облека со многу впечатливи бои. Се родил андрогиниот стил, целосно спротивен на стегнатите корсети. Го ослободила женското тело, му дозволила да носи панталони, ги измислила најпрактичните работи како малиот црн фустан, сако.

Тоа беше и остана еден од најкреативните стилови на 20-от век.

Во што била нејзината тајна, открила самата Шанел: „Јас не работам со мода, јас сум мода“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг