"Трамп, прекрасниот Гренланд не е на продажба": Каков е животот во оваа слабо населена земја

Точка

19/08/2019

19:06

3.053

Големина на фонт

а а а

Гренланд има добри односи со Данска, под чија контрола и се наоѓа.

Извинете претседателе Трамп, но Гренланд не е на продажба. Така, на идејата на американскиот претседател да го купи најголемиот остров на светот одговорила владата на Гренланд, која е под контрола на Данска. 

За фотографот Кили Јујан, кој минатите неколку години работел на документирање на природата и животот на Гренланд, ова одбивање на понудата на Трамп не било изненадување.

"Тие имаат добар однос со Данска. Тешко е за нив да замислат дека имаат односи со друга колонијална сила од било кој вид. Моментално многу се трудат да добијат целосна независност од Данска", рекол тој за CNN.

Гренланд има своја автономна управа во рамки на Данска од 1979-та година, а уште поголема автономија добил на референдумот одржан во 2008-ма година.

Речиси 90 проценти од популацијата на Гренланд се припадници на народот Инуити, а Јујан наведува дека земјата ги прифатила тие корени, обликувајќи ја политиката од староседелска перспектива. На пример, не постои приватна сопственост на Гренланд. Не можете да дојдете и да купите земјиште, а повеќето индустрии се во сопственост на државата.

"Постои многу силна желба државата и нејзината култура да носат одлуки, а некои индивидуалци да носат одлуки во име на сите. И тоа е навистина моќно. Тоа спречило да испливаат многу интересни кои веројатно на подолги стази не би биле добри за Гренланд", рекол тој.

Гренланд е најголем остров на светот, голема територија кај Канада која допира до Арктикот. Поголем дел од таа територија е прикриен со мраз.

Само 20 проценти од неговата територија се населени. Популацијата е нешто поголема од 50.000.

Сепак, и покрај тоа, животниот стандард е многу висок.

"Стандардот е подобар отколку во некои држави кои ги нарекуваме развиени. Една од причините за тоа е фактот што Гренланд го колонизирала Данска", навел фотографот.

Влијанието на Данска може да се види во гренландската архитектура, како и економијата која најмногу се базира на риболов.

Јујан наведува дека повеќето жители зборуваат два јазика, дански и локален гренландски.

"Многу е цврст националниот идентитет. Без разлика на тоа колку данска крв имате, а колку Инуитска, сите сте Гренланѓани", навел тој.

Американскиот претседател не е првиот Американец кој сакал да го купи Гренланд. Претседателот Хари Труман исто така дошол до таа идеја, а САД официјално се обиделе да купат островот во 1946-та година. Исто така, и во 1867-ма година државниот секретар Вилијам Сивард сакал да го купи островот.

Гренланд е дом на американската воздухопловна база во Туле. Во таа база има систем кој служи за рано предупредување на меѓународни балистички ракети. Многумина сметаат дека толку тоа е една од причините поради кои Трамп покажал ваков интерес.

Кили Јујан има кинеско-американско потекло, а исто така влече и корени од народот Нанаи во Русија. Дел од животот го минал на Сибир. Пред две години пристигнал на Гренлад.

"Гренлад долго време беше место на кое се восхитував, а една од причините е тоа што се занимавам со изработка на кајаци. Гренланд е познат по своите кајаци", навел тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг