Екипите на Вардар и Еурофарм Работник денеска во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ одиграа пријателски натпревар кој беше богат со голови.
Победата ја однесе актуелниот македонски и европски шампион кој го доби натпреварот со 32:30.
Првиот дел припадна комплетно на Вардар кој на пауза замина со седум голови позитива (20:13). Ваквиот резултат му даде можност на Писонеро да прави рокади во тимот, па тоа на крај го искористи Еурофарм кој во финишот опасно се доближи до Вардар.
Најефикасен во таборот на Вардар беше Тимур Дибиров со осум постигнати погодоци, додека по пет постигнаа Чупиќ и Скубе. Кај „фармацевтите“ предводник бешеРадовиќ со шест погодоци, а солиден меѓу стативите беше и Никола Митрески со девет интервенции.