Милано привремено ги забрани електричните тротинети

Точка

19/08/2019

16:58

1.252

Големина на фонт

а а а

Градските власти на Милано им забранија на компаниите да ги изнајмуваат своите електрични тротинети додека не бидат утврдени јасни прописи за користење на тоа превозно средство.

Со одредбата донесена на 4-ти јуни се предвидува електричните тротинети да можат да се возат само на пешачките зони и велосипедските патеки, како и во подрачјата каде што брзината е ограничена на 30 километри на час.

Исто така се бара од локалните власти на видливи места да објават сообраќајни правила за возење на тротинетите.


Инаку, првата компанија која што започна да нуди изнајмување на електрични тротинети во италијанскиот град се појави во октомври 2018-та година. Од пролетта оваа година, шест други компании тргнаа по тие стапки, а тоа е тренд и во останатите големи европски градови.

Кон крајот на јули, градските власти на Милано забранија возење на електрични тротинети по тротоарите, па правилата ги збунија граѓаните.



Спонзорирани линкови

Маркетинг