Еден од најпознатите светски кошаркарски тренери, Дејвид Блат обелоденил дека боледува од мултипла склероза. Израелецот, кој моментално го води Олимпијакос на јавноста ѝ се обратил со отворено писмо.
„Животот некогаш ве погодува за што не постои ниту објаснување ниту причина. Тоа се моменти кога морате да донесите одредени одлуки и да го тестирате вашиот карактер“ - стои на почетокот на писмото д 60-годишниот експерт.
Блат објаснил дека пред неколку месеци му било дијагностицирано PPMS, односно “прогресивно примарна мултила склероза“.
„Таа болест има многу облици на различни начини се манифестира кај различни луѓе“.
Тој појаснил дека станува збор за автоимуна болест која “на многу начини може да го промени квалитетот на животот“.
„Кога го совладав почетниот шок и болка и кога сфатив како тоа може да го промени мојот живот, одлучив да не се предадам. Настојувам својот живот да го направам да ми биде што понормален. Веднаш се свртев кон својата методологија која ја користам во кошарката, а тоа се три чекори:
1. Што е проблем?
2. Зошто тоа се случило?
3. Како да го поправиме тоа?“
Блат вели дека во неговиот случај болеста најмногу “удрила во неговите нозе“.
„Заморот и губењето рамнотежа најмногу ме оптеретуваат. Правам вежби и се трудам што повеќе да бидам активен“ - почнува Блат да одговара на поставените прашања и продолжил:
„Зошто се случи тоа? Не е познато. Можам да паднам во депресија или физички, ама тоа никако не го сакам. Лекот за оваа болест не постои, но не е смртоносна. Ми претстои голема борба“.
На прашањето како сето тоа да го поправи, самиот себе си дал одговор:
„Направивме план. Секојдневно напорно работам. Тоа што ќе бидам помалку подвижен нема да ме спречи понатаму да ја водам мојата екипа“.
Дејвид Бларт во текот на тренерската кариера водел многу клубови како Макаби, Ефес и Кливленд, а бил и селектор на Израел и Русија со која во 2017-та година беше првак на Европа, а во 2011-та година освоил брознен медал на континенталниот шампионат.