Три трикови за убавина со помош на кои ќе го задржите бронзениот тен по одморот

Кармин

19/08/2019

15:54

1.992

Големина на фонт

а а а

По враќање од годишниот одмор на градскиот асфалт, со наполнети батерии и безгрижност која сакаме да ја рефлектираме и во забрзаното секојдневние, се трудиме низ ситните бјути ритуали да го задржиме и здравиот бронзен изглед на кожата со кој секоја комбинација, но и изборот на шминка имаат посебен призвук.

Иако не постои совршен рецепт кој ќе помогне во остварување на оваа цел, со оглед на тоа дека нашата кожа дише, се обновува и самиот исончан слој на кожата полека се заменува со нов, неколку мали трикови сепак ќе помогнат во неделите по враќањето од годишниот одмор, вашиот тен да изгледа неколку нијанси потемен отколку низ годината. 

Како една од најважните компоненти се наметнува хидратацијата, како одвнатре така и однадвор. Секој ден, за да ја нахраните кожата однадвор, користете хидратантни лосиони и масла за тело.


На вашето мени додадете и храна богата со бета каротен, која е достапна и вкусна, како што е спанаќот, морковот и праските и креирајте здрави јадења кои ќе бидат дел од вашата цел за убавина и ќе помогнат во зачувување на тенот.


Кога се туширате, користете што постудена вода која покрај инстант освежувањето го продолжува векот на вашиот исончан тен, а е одлична и за подобрување на циркулацијата. Исто така, по туширањето, нежно натапкајте ја кожата со мека крпа.


И секако, доколку планирате да поминете неколку часа на сонце, без оглед на исончаниот тен, секогаш нанесувајте крема со заштитен фактор пред да се изложите на сончеви зраци.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk