„Прво, домаќинке, малку тој нередот да си го средиш! Важно себе си се средила, а куќата што ти е во хаос нема врска...“
Трудницата Алис, сопруга на Кристијано Стадило, сопственик на марката „Humel“ била жестоко нападната откако објавила фотографија од своето тело само седум дена по породувањето.
Напишала: „Мојот стомак има супермоќи“.
На фотографијата е во долен веш и нејзиниот стомак навистина изгледа рамно.
Набрзо по објавата читателите на српски „Телеграф“ напишале многубројни коментари. Наместо пофалби затоа што Алис се породила по четврти пат, коментарите биле осудувачки затоа што нејзиниот дом е во хаос...
„Оваа е луда. И покрај тоа има време да се фотографира селфи“, „Каков хаос и не ѝ пречи тоа, а знае да позира...“.
А некој од коментарите бил многу ироничен: „Веројатно има тежок живот...“
Да ве потсетиме дека уште пред неколку години популарната фитнес-мајка успеала да ги навлече останатите мајки на тоа по објавувањето на фотографиите на Инстаграм.
Марија објавила фотографија на која позира со своите три деца и им порачала на останатите мајки кои не вежбаат: „Кој е вашиот изговор?“
Многумина ја осудиле оваа нејзина објава затоа што Марија на тој начин направила притисок на новите мајки дека веднаш по породувањето треба да излгледаат совршено.