Познатиот моден бренд и популарниот Формула 1 возач повторно соработувале за потребите на новата кампања на модната куќа.
Глобалниот амбасадор на брендот Томи Хилфигер, Луис Хамилтон, повторно добил задача да биде ѕвезда на новата рекламна кампања и на колекцијата која ја припремил популарниот моден бренд.
Овој пат станува збор за спортска колекција која нѝ носи различни работи како тренирки, маици, шорцеви, дуксери и шушкавци, а исто така во оваа колекција можат да се пронајдат и папучи, чорапи, но и други модни акцесоари.
Колекцијата е разновидна, а истата ја карактеризира примена на силни и невообичаени бои, па затоа веројатно ќе им се допаѓа на младите мажи кои се љубители на спортската елеганција.